мртов
мртва
Вид збор: Придавка
Ранг: 462
1.
Што не е веќе жив, умрен (за човек), пцовисан (за животно), овенат, сув (за растение).
Примери:
мртов човек
мртво тело
мртва птица
мртво дрво
2.
Што нема живост, замрен, стивнат.
Примери:
мртов град
мртви улици
мртва сезона
3.
За потсилување на значењето.
Примери:
мртва тишина
мртов гладен
мртов уморен
мртов пијан
4.
Што не служи за намената, што не работи.
Примери:
мртов кабел
мртва врска
5.
За ден на мртвите, во состави.
Примери:
Мртов петок
Мртва сабота
Мртви дни
Изрази
Мртва буква на хартија - пропис што не се почитува.
Мртов јазик - јазик што не се зборува, а е познат од писмени паметници.
Мртов капитал - капитал, вредност што не донесува доход.
Мртва коска - тврд израсток на телото.
Мртва природа - уметничка слика овошје, цвеќиња, мртов дивеч, садови и сл.
Мртва стража - група или поединец на најпредниот дел од фронтот кон непријателот.
Ни жив ни мртов - многу изморен, исцрпен, премален, болен.
Само преку мене мртов - никогаш нема да дозволам нешто.
Мртва вошка - поткожен израсток, подвижен со големина на зрнце.