brush - онтологија

исчетка повеќе

Види и: четка (несв.)
исчеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчисти, уреди, дотера нешто со четка.
Примери:
Го исчетка капутот.

расчетка повеќе

расчеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со четкање расчешла, среди, исчетка коса и сл.
Примери:
Косата ѝ беше многу мрсна, па затоа ја расчетка со густа четка.

фрча повеќе

мн. фрчи
Вид збор: Именка, женски род
четка
Турски: fırça
Употреба: Разговорно
Примери:
фрча за алишта

фрчиче повеќе

Види и: фрча (ж.)
мн. фрчичиња
Вид збор: Именка, среден род
фрча
Примери:
фрчиче за заби

фрчоса повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
исчетка, исчисти
Турски: fırçalamak
Употреба: Разговорно
Примери:
Фрчосај ми ги чевлите

фрчосува повеќе

Види и: фрчоса (св.)
фрчосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
четка, чисти
Употреба: Разговорно
Примери:
Сам си ги фрчосува чевлите.

четка повеќе

мн. четки
Вид збор: Именка, женски род
Направа од влакна, растенија или жица за чистење на површини, чешлање или фарбање.
Албански: brushë
Примери:
Четка за алишта.

четка повеќе

четкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чисти со четка.
Примери:
Четка алишта, чевли.

четче повеќе

Види и: четка (ж.)
мн. четчиња
Вид збор: Именка, среден род
Мала четка.
Албански: furçë
Употреба: Деминутив
Четче за заби.
Албански: furçë dhëmbësh
Употреба: Медицина
Четче за цртање (боење) .
Албански: penel
Употреба: Ликовна уметност