гргорат
Вид збор: Глагол, несвршен
Создава звук при течење.
Примери:
Бистрото поточе весело гргореше.
заклокотат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да клокоти, да врие силно.
Примери:
Неколку меурчиња заклокотија во водата над варта.
(се) клобучат
Вид збор: Глагол, несвршен
Исфрла клобурци, се пени.
Примери:
Водата брзо почна да (се) клобучи.
клокотат
Вид збор: Глагол, несвршен
За река, поток - тече испуштајќи карактеристичен шум.
Примери:
Под еден дрвен мост клокотеше бистра вода.
клопотат
Вид збор: Глагол, несвршен
клокоти
Примери:
Тече поток покрај патот, клопоти водата во коритото.
Вид збор: Глагол, несвршен