а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клопоти

клопотат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Произведува, испушта клопот, удира.
Англиски: clatter Албански: rraptoj, rrapëllij
Примери:
Возот клопотеше по шините.
2. Испушта остри звуци (за некои птици).
Англиски: cackle Албански: kakaris
Употреба: Биологија
Примери:
Не писка галеб, не клопоти долгоклунест штрк.
3. клокоти
Англиски: bubble Албански: gurguron
Примери:
Тече поток покрај патот, клопоти водата во коритото.
Низ падината клопотеше поточе.
Изведенки
клопотење ср.
глаг. им.