budget - онтологија

буџет повеќе

(едн.) буџетот
Вид збор: Именка, машки род
Пресметка на приходите и расходите на државата, на установа, претпријатие, за определен период.
Албански: buxhet
Употреба: Економија
Примери:
Средствата од буџетот се намалени за 3 отсто.
Парични средства со кои се располага.
Албански: buxhet
Употреба: Економија
Примери:
Мојот буџет не ми дозволува вакви излети.

буџетира повеќе

буџетираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Пресметува приходи и расходи на држава, установа или претпријатие за определен период.
Употреба: Економија
Примери:
Министерството за култура да се преиспита кого буџетира во македонскиот театар.
Пресметува парични средства со кои се располага.
Употреба: Економија
Примери:
Како да ги буџетираме трошоците за маркетинг активностите и како да работиме со мал буџет?