мн. колаци
Вид збор: Именка, машки род
Колач, погача (обично со неа се кани на свадба).
Турски:
kolak
Албански:
kulaç, pogaçe
Употреба:
Гастрономија
Примери:
Дојде попот да го сече колакот на славата.
мн. колачи
Вид збор: Именка, машки род
Слатко печено тесто, направено од меко брашно со млеко, јајца и масло, обично исполнето со фил.
Примери:
Ги пречека гостите со колач и кафе.
(обично мн.) Слатки испечени од парчиња од такво тесто.
Примери:
суви колачи
Обреден леб испечен за некои празници од меко брашно во облик на круг, обично со украси од тесто на површината.
Примери:
Попот одеше во обиколки низ селото за крштевање вода, кршење колач и светење масло.