calcium - онтологија

калциум повеќе

(едн.) калциумот
Вид збор: Именка, машки род
Хемиски елемент, сребренобел метал, распространет во многу соединенија во природата и неопходен за развој на сите живи суштества; симбол Са.
Латински: Calcium (Ca) Албански: kalcium
Употреба: Хемија
Примери:
Недостатокот на калциум кај човекот предизвикува рахитис.

калциумов повеќе

Види и: калциум (м.)
калциумовиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на калциум, што содржи калциум.
Употреба: Хемија
Примери:
калциумов фосфат, калциумова сол