елемент
мн. елементи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1056
1.
Материја што не може по хемиски пат да се разложи на поедноставни делови.
Примери:
хемиски елементи
Слично со:
материја (ж.)
2.
Составен дел од некоја целина.
Англиски:
part
Албански:
element, pjesë
Денес се зачувани некои архаични елементи од женската носија.
При изведувањето на овие обреди има разни магиски елементи.
Слично со:
дел (м.)
3.
Според некои филозофи, една од четирите праматерии (земја, вода, воздух, оган) што ја прават основата на светот.
Англиски:
primordial matter
Албански:
element
4.
Човек или група што се издвојува по сопствениот ентитет од определена средина.
Примери:
Словенско-македонскиот елемент населен во областа на Голо Брдо едно време претставувал мнозинство во вкупното население.
5.
Човек што се издвојува од средината по размислувањето, по постапките и по однесувањето.
Примери:
антидржавен елемент
непријателски елементи