caprice - онтологија

афт повеќе

Види и: кимка (ж.)
мн. афти
Вид збор: Именка, машки род
кимка
Употреба: Разговорно

каприц повеќе

мн. каприци
Вид збор: Именка, машки род
Желба, барање, намера што произлегува од инает; своеглаво барање или постапка.
Примери:
Не можев да сфатам дека од чист каприц некој ќе го скрши стапот над едно сиромашко дете.

кимка повеќе

мн. кимки
Вид збор: Именка, женски род
Желба, намера за одмазда некому; желба да се напакости.
Употреба: Разговорно
Примери:
Имам кимка на него.

текнеж повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Претерано барање.

хир повеќе

мн. хирови
Вид збор: Именка, машки род
каприц
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Затоа сево ова што се прави со измислувањето на историјата е само хир.