check - онтологија

довиди повеќе

довидат
Вид збор: Глагол, свршен
испита
Албански: shqyrtoj, kontrolloj
Примери:
Ќе ја довидам таа работа.

ѕирне повеќе

ѕирнат
Вид збор: Глагол, свршен
Види, посети краткотрајно; провери, проконтролира.
Албански: viziton shkurt, çek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го ѕирна другарот во болницата.

пипа повеќе

пипаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мери, опита, испитува, тестира
Албански: kontrolloj
Употреба: Разговорно
Примери:
Лекарот му го пипа пулсот.

прегледа повеќе

прегледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгледа содржина на нешто.
Албански: kontrolloj
Примери:
На границата им ги прегледаа патните исправи.
Провери, испита здравје.
Албански: kontrolloj
Употреба: Медицина
Примери:
Докторот за неколку часа ги прегледа сите пациенти.
(се прегледа) Се провери, се испита подложувајќи се на медицински преглед.
Албански: kontrollohem
Употреба: Медицина
Примери:
Се прегледа неколкупати, но ништо не му најдоа.

приѕира повеќе

приѕираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гледа, посетува краткотрајно.
Примери:
Секогаш приѕираше за да види како врви работата.

проба повеќе

мн. проби
Вид збор: Именка, женски род
проверка, испитување, тест
Албански: provë
Примери:
На проба кај шивачот.

провери повеќе

проверат
Вид збор: Глагол, свршен
(се провери) Се испита себеси за да ја утврди точноста, вистинитоста, вредноста на нешто.
Албански: kontrolloj, verifikoj
Примери:
Се провери дали го запомнал бројот, па го фрли ливчето.

цех повеќе

мн. цехови
Вид збор: Именка, машки род
Сметка на трошокот во кафеана, ресторан.
Германски: Zech Албански: llogarin
Употреба: Разговорно
Примери:
Направија голем цех.

штиклира повеќе

штиклираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обележува со одреден знак ставка од листа или список.
Примери:
Штиклирај ги имињата на присутните ученици.