довидат
Вид збор: Глагол, свршен
испита
Албански:
shqyrtoj, kontrolloj
Примери:
Ќе ја довидам таа работа.
ѕирнат
Вид збор: Глагол, свршен
Види, посети краткотрајно; провери, проконтролира.
Примери:
Го ѕирна другарот во болницата.
пипаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мери, опита, испитува, тестира
Примери:
Лекарот му го пипа пулсот.
прегледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Разгледа содржина на нешто.
Примери:
На границата им ги прегледаа патните исправи.
Провери, испита здравје.
Примери:
Докторот за неколку часа ги прегледа сите пациенти.
(се прегледа) Се провери, се испита подложувајќи се на медицински преглед.
Албански:
kontrollohem
Употреба:
Медицина
Примери:
Се прегледа неколкупати, но ништо не му најдоа.
приѕираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гледа, посетува краткотрајно.
Примери:
Секогаш приѕираше за да види како врви работата.
проверат
Вид збор: Глагол, свршен
(се провери) Се испита себеси за да ја утврди точноста, вистинитоста, вредноста на нешто.
Албански:
kontrolloj, verifikoj
Примери:
Се провери дали го запомнал бројот, па го фрли ливчето.
штиклираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обележува со одреден знак ставка од листа или список.
Примери:
Штиклирај ги имињата на присутните ученици.