chop - онтологија

исцепи повеќе

исцепат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со цепење (дрва).
Примери:
Ги исцепи дрвата.

котлет повеќе

мн. котлети
Вид збор: Именка, машки род
Во кулинарството - ребренце со месо.
Француски: côtelette Албански: kotëletë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Свински котлет.

кременадла повеќе

мн. кременадли
Вид збор: Именка, женски род
Парче месо со коска од 'рбетот.
Албански: bërxollë, kotëletë
Употреба: Гастрономија
Примери:
Свинска кременадла.

нацепи повеќе

нацепат
Вид збор: Глагол, свршен
Со цепење (дрва и сл.) добие доволно количество, исцепи колку што треба.
Примери:
Нацепи дрва да ја запали печката.

цацка повеќе

цацкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За дрва - ситни, сече на ситни парчиња.
Албански: copëtoj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Цел ден цацкаше дрва.