clean - онтологија

брише повеќе

бришат
Вид збор: Глагол, несвршен
Отстранува нешто од некаде во физичка смисла.
Албански: pastron
Примери:
Домаќинката ги бришеше ронките од масата со влажна крпа.
(се брише) се чисти, се суши
Албански: fshin
Примери:
Змејко долно се бришеше со ризата што си ја донесе од село.
(си брише) се чисти
Албански: fshin
Примери:
Си го брише носот.

доисчисти повеќе

Види и: исчисти (св.)
доисчистат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчисти сè, сите до еден.
Албански: pastroj
Примери:
Откако се одмори, ги доисчисти рафтовите.
Исчисти нешто до крај, сосема.
Албански: pastroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го доисчисти станот.
(се доисчисти) Се исчисти добро, сосема.
Албански: pastroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Водата се доисчисти.

зачисти повеќе

Види и: чисти (несв.)
зачистат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да чисти.
Албански: pastron
Примери:
Стана и веднаш зачисти низ куќа.
Исчисти набрзина, згора-згора.
Албански: pastron
Примери:
Таа најпрвин ги зачисти собите, па се зафати со ручекот.
(се зачисти) Се исчисти од нешто, набрзина.
Албански: pastron
Примери:
Се зачисти малку од сламки и излезе.

избрише повеќе

Види и: брише (несв.)
избришат
Вид збор: Глагол, свршен
Со бришење отстрани нешто од некоја површина.
Албански: fshij, shlyej
Примери:
Ја избриша правта од мебелот.
(се избрише) се исуши
Албански: fshij
Примери:
Се избриша со крпата.
(си избрише) си исчисти
Албански: fshij, pastroj
Примери:
Си го избриша носот со шамивче.

исчисти повеќе

Види и: чисти (несв.)
исчистат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде чисто.
Албански: pastroj
Примери:
Ја исчисти куќата.
Отстрани, протера непожелни лица, ослободи од некого.
Албански: pastroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја исчистија планината од разбојници.
(се исчисти) Стане чист.
Албански: pastroj
Примери:
Се исчисти од сламките.

отпере повеќе

отперат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчисти флека од некаков вид текстил, отстрани нечистотија на дел од облека.
Албански: pastroj
Примери:
Ги отпра накапаните пантолончиња од децата.

очисти повеќе

очистат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде чисто.
Албански: pastroj
Примери:
Тој ги очистил скалите.
(се очисти) Се ослободи од нечистотија, се исчисти.
Албански: pastroj

подрасчисти повеќе

Види и: расчисти (св.)
подрасчистат
Вид збор: Глагол, свршен
Расчисти малку, донекаде.
Примери:
Со раката подрасчисти малку место, колку да седне.
(се подрасчисти) Се расчисти малку, донекаде.
Примери:
Попладнето мешаницата пред аптеката се подрасчисти.

позачисти повеќе

Види и: зачисти (св.)
позачистат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачисти, исчисти набрзина, среди нешто, донекаде.
Примери:
Таа ја позачисти куќата кога се најавија гости.
(се позачисти) Се зачисти, се исчисти, се среди набрзина.
Примери:
Девојката се позачисти, се исчешла и се погледа во огледалото.

попрочисти повеќе

Види и: прочисти (св.)
попрочистат
Вид збор: Глагол, свршен
Прочисти уште малку.
Примери:
Дождот го попрочисти воздухот.

почисти повеќе

почистат
Вид збор: Глагол, свршен
Чисти малку, кратко.
Примери:
Ја почисти одајата.

прочисти повеќе

Види и: чисти (несв.)
прочистат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани нечистотија, исчисти нешто низ, во внатрешноста.
Албански: pastroj
Примери:
Дождот го прочисти воздухот.
испразни, исчисти
Албански: pastroj
Примери:
Го прочисти носот секнејќи го во шамивчето.
Исчисти текст од грешки.
Албански: korigjon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го прочисти текстот од правописни грешки.
(се прочисти) Се исчисти од нечистотија.
Албански: pastroj
Примери:
Воздухот се прочисти по пролетните дождови.

расчисти повеќе

Види и: чисти (несв.)
расчистат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расчисти) Почне да чисти.
Албански: pastroj
Примери:
Многу сте се расчистиле за празников.

секне повеќе

секнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чисти нос со дување, со секнење.
Албански: fryn hundën
Примери:
Жената ги бришеше солзите, го секнеше носот и продолжуваше да плаче.

сурдиса повеќе

сурдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
прочисти (желудник, црева и сл.)
Албански: pastroj
Употреба: Медицина , Разговорно
Примери:
Го сурдиса детето.
(се сурдиса) се прочисти
Албански: pastroj
Употреба: Медицина , Разговорно
Примери:
Се сурдиса и сега му е добро.

чисти повеќе

чистат
Вид збор: Глагол, несвршен
Отстранува нечистотија од нешто, прави да биде нешто чисто.
Албански: pastroj
Примери:
Чисти куќа, улица, алишта, чевли, заби итн.
(се чисти) Отстранува од себе нечистотија.
Албански: pastroj
Примери:
Цели два часа се чистев, толку што се бев извалкал.