а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поправи

поправат; поправив, поправија, поправил; (ќе) поправеше; (ќе) поправел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2953
1. Отстрани дефект, неисправност на нешто, оспособи за употреба, работа.
Англиски: repair Албански: riparon
Примери:
Тие ја поправија стреата на куќата.
Мајсторот ја поправи машината за перење.
2. Отстрани недостатоци во нешто, укаже на грешка.
Англиски: correct Албански: korrigjoj
Примери:
Учителот му го поправи ракописот на детето.
3. Доведе нешто во ред.
Англиски: put in order Албански: përmison
Примери:
Само тој би можел да ја поправи оваа ситуација.
Таа си ја поправи косата пред огледалото.
4. Промени нешто кон подобро.
Англиски: improve Албански: përmisoj
Примери:
Тој знаеше дека ќе треба време за да ја поправи својата положба во фирмата.
Погрижи се да ја поправиш двојката по сметање.
5. (се поправи) Отстрани своја грешка, недостаток, порок.
Англиски: improve Албански: përmisoj
Примери:
Тој се надеваше дека син му ќе се поправи на училиште.
6. (се поправи, само во 3. л.) За време - стане ведро.
Англиски: improve Албански: përmisoj
Примери:
Попладне времето се поправи.
7. (се поправи) Зајакне по болест, закрепне.
Англиски: better Албански: më mirë
Примери:
Штом оздравев и се поправив, тргнав на пат.
8. (се поправи) се здебели
Англиски: fatten Албански: trash
Примери:
Чистиот планински воздух му го отвори апетитот и тој бргу се поправи.