close - онтологија

дозатвори повеќе

Види и: затвори (св.)
дозатворат
Вид збор: Глагол, свршен
Затвори нешто сосема.
Примери:
Чуварот ја дозатвори портата.

заклопи повеќе

заклопат
Вид збор: Глагол, свршен
Затвори книга, врата и сл.
Албански: mbyll, mshel
Примери:
Ги заклопи капаците од прозорецот.

заклучи повеќе

заклучат
Вид збор: Глагол, свршен
За сметка - направи завршна пресметка.
Албански: mbyll
Примери:
Тие ги заклучија сметките за овој месец.

затвара повеќе

Види и: затвора (несв.)
(се) затвараат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) затвора
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Депонијата Вардариште дефинитивно се затвара!

затвора повеќе

затвораат
Вид збор: Глагол, несвршен
Затвора нешто.
Албански: mbyll
Примери:
Затвори ја устата! Затвори ја вратата.
Се затвора.
Албански: mbyllem
Примери:
Продавниците сега се затворени.

затвори повеќе

затворат
Вид збор: Глагол, свршен
Состави, склопи нешто отворено, расклопено, раширено.
Албански: mbyll
Примери:
Затвори книга.
Означи крај на седница, состанок, расправа и сл.
Албански: mbaron, mbyll
Примери:
Претседателот ја затвори седницата.
(се затвори) Се склопи (книга, очи).
Албански: mbyll
Примери:
Продолжи да зборуваш, но затвори ја книгата.
(се затвори) За рана - зарасте.
Албански: mbyllet, shërohet
Примери:
Брзо му се затвори раната.

позатвори повеќе

Види и: затвори (св.)
позатворат
Вид збор: Глагол, свршен
Затвори повеќе нешта, сѐ, сите.
Примери:
Попладнето порано ги позатворија дуќаните.

преклопи повеќе

преклопат
Вид збор: Глагол, свршен
Затвори, заклопи нешто.
Албански: mbyll
Примери:
Ја преклопи книгата и ја остави на масата.
(се преклопи) се затвори, се заклопи
Албански: mbyll, mbuloj
Примери:
Портата се преклопи зад него.

склопи повеќе

склопат
Вид збор: Глагол, свршен
За договор, брак, сојуз - заклучи, склучи.
Албански: mbyll
Примери:
Склопи сојуз.

склучи повеќе

склучат
Вид збор: Глагол, свршен
За договор, сојуз - склопи.
Албански: mbyll
Примери:
Склучи сојуз.