а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заклопи

заклопат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 17212
1. Стави заклопка на нешто, покрие, поклопи.
Англиски: cover Албански: mbyll
Примери:
Ковчегот беше убаво заклопен со капакот.
2. Затвори книга, врата и сл.
Англиски: close Албански: mbyll, mshel
Примери:
Ги заклопи капаците од прозорецот.
3. Не зборува, не кажува ништо.
Англиски: shut Албански: mbyll, mshel
Употреба: Преносно значење
Примери:
Устата му е заклопена.
4. (се заклопи) Се затвори нешто.
Англиски: shut Албански: mbyll, mshel
Примери:
Вратата се заклопи.
Изрази
Заклопи очи - умре.
Заклопи очи - заспие.
Изведенки
1. заклопува несв.
(се) заклопуваат
2. заклопување ср.
глаг. им.