colour - онтологија

бои повеќе

бојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Бојосува, прави да биде во друга боја.
Турски: paint Албански: ngjyros
Примери:
Децата боеја на часот по ликовно во боенките.

вапса повеќе

вапсаат
Вид збор: Глагол, свршен
Обои со боја.
Албански: ngjyros
Примери:
Ги вапса јајцата рано изутрина.
(се вапса) се обои
Албански: ngjyroset

довапса повеќе

Види и: вапса (св.)
довапсаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со боењето.
Примери:
Ги довапса јајцата и почна да ги реди во чинијата.

зашара повеќе

Види и: шари (несв.)
зашараат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се шаренее.
Албански: ngjyroset
Примери:
Зашареа терасите и дворовите.
(се зашара) се зашаренее
Албански: ngjyroset, nuancohet

зашаренее повеќе

(се) зашаренеат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да се шаренее.
Примери:
Се зашаренеа ливадата од полските цвеќиња.

оксидира повеќе

оксидираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Бојадиса, бојадисува коса во посветла нијанса.
Албански: ngjyros flokun
Употреба: Ретко

прошари повеќе

прошарат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи понекаде да стане шарено, со поинаква боја од основната.
Албански: bëj lara
Примери:
Таа го прошари везот со златни конци.