прошари
прошарат; прошарал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15263
1.
Направи понекаде да стане шарено, со поинаква боја од основната.
Примери:
Таа го прошари везот со златни конци.
Девојката го прошари платното во основата со тенки црвени нитки.
Слично со:
обои (св.)
2.
За коса, побели понекаде.
Албански:
zbardh
Неговата коса по неколку години прошари.
Нејзините долги црни коси ѝ прошарија.
4.
(се прошари) Стане шарено понекаде (ниви, ливади, шума).
Албански:
bëhet lara
Нивата се прошари на неколку места, навестувајќи летни горештини.
5.
(се прошари) За коса, побели.
Албански:
zbardh
Од големата тага косата му се прошари.
Косата ѝ се прошари на кутрата вдовица.
Изведенки
1.
прошарува несв.
(се) прошаруваат
(се) прошаруваат
2.
прошарување ср.
глаг. им.
глаг. им.