comment - онтологија

искоментира повеќе

Види и: коментира (св. и несв.)
искоментираат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде коментар.
Примери:
Со своето остро сатирично перо ја искоментира оставката.

коментар повеќе

мн. коментари
Вид збор: Именка, машки род
Објаснување, толкување на некаков текст.
Албански: koment
Примери:
коментар на закон
Искажано мислење, забелешка за некоја постапка, за некоја личност или за некој настан.
Албански: koment
Примери:
За сѐ има свој коментар.
Новинарски текст во кој се објаснува суштината, смислата на определен актуелен настан или политички потег.
Албански: koment, kumtesë
Примери:
надворешнополитички коментар

коментарисува повеќе

Види и: коментира (св. и несв.)
коментарисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
коментира
Употреба: Разговорно

коментира повеќе

коментираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Искаже, искажува свое миcлење за нешто.
Примери:
Како ги коментирате последниве настани?

прокоментира повеќе

Види и: коментира (св. и несв.)
прокоментираат
Вид збор: Глагол, свршен
Проследи со коментар, со толкување.
Примери:
Сите телевизии ја прокоментираа веста.