Вид збор: Глагол, несвршен
жалат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се жали) Се плаче, се поплакува некому.
Примери:
Не сакам да ти се жалам, но ова летување е едно од најтажните што сме ги поминале.
(се) испоплачат
Вид збор: Глагол, свршен
Раскаже некому за своите проблеми, многу се пожали.
Примери:
Таа се испоплака пред пријателката.
плачат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се плаче) На кого, на што, од кого, од што.
Примери:
Отишле кај кадијата и мy се плачеле; сите се плачат од него.
пожалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пожали) Се поплаче некому, искаже поплака, незадодолство за (од) нешто.
Примери:
Се пожали на болки во грбот.
поплачат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поплаче) Се пожали некому.
Примери:
Само нему можеше да му се поплаче за неправдите што ги трпеше.
тапкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тапка) се жали
Примери:
Јадосува сѐ што ќе стане со децата? - се тапкаше таа?