consecrate - онтологија

освети повеќе

осветат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи со извршување црковен обред, нешто (вода, црква, куќа) да биде свето.
Албански: shenjtëroj
Употреба: Црковен термин
Примери:
Владиката ја освети оваа црква.

посвети повеќе

посветат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши црковен обред на осветување.
Албански: shenjtëroj
Употреба: Црковен термин

свети повеќе

светат
Вид збор: Глагол, несвршен
За вода, масло - осветува со обреди и молитви.
Албански: shenjtëroj
Употреба: Црковен термин
Примери:
Свети вода, масло.