посвети
посветат; посветил; посветев, посветеа; посветевме; посветен; (ќе) посветел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2905
1.
Се предаде, оддели целосно внимание на некого или нешто, на некаква дејност.
Примери:
Сиот свој живот го посветил на згрижување на децата.
Целиот утрешен ден ќе го посветам на посети.
2.
Направи нешто, некоја содржина, предмет на проучување, разгледување, оценка.
Примери:
Неколку предавања ѝ беа посветени на македонската литература.
3.
Намени книга, творба некому во знак на почит, љубов, благодарност.
Примери:
Својата книга им ја посвети на најблиските.
Слично со:
намени (св.)
4.
Упати некого во нешто тајно.
Примери:
Старецот ги посветил во својата тајна.
Слично со:
упати (св.)
5.
(се посвети) Се оддаде, се предаде целосно на некого или на нешто.
Англиски:
dedicate
Албански:
përkushtoj
Ако повеќе се посветевме на нашите задачи, и економските резултати ќе дојдеа.
Неговиот брат се беше посветил на науката.
Сега можам да одберам работа и да се посветам на неа.
6.
Изврши црковен обред на осветување.
7.
Воведе во некаков сталеж, чин вршејќи утврден обред.
Примери:
Изутрината ќе се извршат потребните обреди за да биде посветен во витешко звање.
Изведенки
1.
посветува несв.
(се) посветуваат
(се) посветуваат
2.
посветување ср.
глаг. им.
глаг. им.