владеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има вештина, занает.
Примери:
Момата го владееше мајсторството на ситниот вез.
испрегледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прегледа многумина, сите или прегледа многу нешта.
Примери:
Професорот ги испрегледа сите писмени работи.
мн. команди
Вид збор: Именка, женски род
Право на управување, надлежност.
Албански:
komandë, kontrollë
Примери:
Ја зеде ергелата под своја команда.
Систем од уреди за рачно или автоматско ракување, управување, водење.
Примери:
Команди на авион.
мн. контроли
Вид збор: Именка, женски род
преглед, проверка, надзор
Примери:
финансиска контрола
Установа што врши надзор, проверка на нешто.
Примери:
Работи во одделението за контрола на квалитетот.
Моќ, власт над нешто.
Примери:
Ја држи под контрола целата територија.
контролираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши, контрола, прегледа, прегледува, провери, проверува.
Примери:
Учителот ги контролира учениците.
мн. кормила
Вид збор: Именка, среден род
управување, раководство, власт
Примери:
Го зеде кормилото на партијата во свои раце.
обуздат
Вид збор: Глагол, свршен
(се обузди) Се воздржи, се смири, се совлада.
Албански:
frenoj, kontrolloj
Примери:
Сакаше да каже нешто, но се обузди.
мн. регулатори
Вид збор: Именка, машки род
Устројство за регулирање на работата на некаков механизам.
Примери:
Регулатор на брзината, температурата.
мн. управувачи
Вид збор: Именка, машки род
апарат за управување
Примери:
далечински управувач