совлада
совладаат; совладал; совладан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2087
1.
Надвие во борба.
Примери:
Го совлада лесно непријателот.
2.
Се справи со пречки, надвие тешкотии и сл.
Примери:
Успеа да ги совлада сите пречки.
Совлада тешкотии.
3.
За чувство - обузди.
Примери:
Го совлада гневот.
Ќе го совлада и стравот.
4.
обземе, опфати
Примери:
И него го совлада сонот.
5.
извежба, изучи
Примери:
Го совлада целиот материјал.
Ги совладал сите елементи на техниката.
6.
(се совлада) се обузда
Примери:
Не можеше да се совлада.
Се совлада и не одговори.
Слично со:
смири (св.)