copy - онтологија

допрепише повеќе

Види и: препише (св.)
допрепишат
Вид збор: Глагол, свршен
Препише до крај.
Примери:
Ги допрепишаа сите задачи.

испише повеќе

испишат
Вид збор: Глагол, свршен
Препише од некаде (од текст, документ) повеќе факти, податоци итн.
Албански: përshkruaj

испрепише повеќе

Види и: препише (св.)
испрепишат
Вид збор: Глагол, свршен
Препише многу текстови, препише сѐ.
Примери:
Ги испрепиша сите белешки.

клонира повеќе

клонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Обликува според образец.
Албански: kopjoj, klonoj
Употреба: Преносно значење

копира повеќе

копираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави копија од нешто.
Албански: kopjoj
Примери:
Ги копира фотографиите.

прекопира повеќе

Види и: копира (св. и несв.)
прекопираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Извади, вади цртеж на тенка хартија, направи, прави копија на нешто.
Албански: rikopjoj
Примери:
Сликата ја прекопира од една сликовница.

препише повеќе

препишат
Вид збор: Глагол, свршен
Повторно напише некој текст.
Албански: përshkruaj, kopjoj
Примери:
Учениците ги препишаа задачите од таблата.

преслика повеќе

пресликаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи копија на слика, цртеж и сл.
Албански: kopjoj
Примери:
Го преслика цртежот на ткаенината и почна да крои.

прецрта повеќе

прецртаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нацрта повторно.
Албански: kopjoj
Примери:
Ја прецрта картата.

умножи повеќе

умножат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи повеќе копии од нешто.
Албански: shumëzoj
Примери:
Го умножи текстот.

фотокопира повеќе

фотокопираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави точна репродукција, фотокопија.
Употреба: Информатика