препише
препишат; препиши, препишете; препишав, препишам, препишаа; препишал; препишан; (ќе) препишев, (ќе) препишеа; (ќе) препишел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7190
1.
Повторно напише некој текст.
Англиски:
copy
Албански:
përshkruaj, kopjoj
Учениците ги препишаа задачите од таблата.
Слично со:
копира (св. и несв.)
2.
Напише текст, реши задача, текст (на испит) гледајќи од друг.
3.
Одреди, пропише лек или начин на лечење болест.
Примери:
Му препишаа инјекции за колената.
Слично со:
пропише (св.)
4.
Со писмена изјава префрли сопственост.
Примери:
Во тестаментот имотот му го препиша на синот.
Му ја препиша сета стока на момчето.
Слично со:
пренесе (св.)
Изведенки
1.
препишува несв.
препишуваат
препишуваат
2.
препишување ср.
глаг. им.
глаг. им.