crack - онтологија

дамар повеќе

мн. дамари
Вид збор: Именка, машки род
пукнатина, шуплинка
Турски: damar Албански: kris
Примери:
Си одбра најубави камења: без жили, без дамари, без шуплинки, да бидат трајни.

дупнатинка повеќе

мн. дупнатинки
Вид збор: Именка, женски род
Малечок отвор, шуплина во нешто.
Примери:
Дупнатинки на дрвјата.

зацеп повеќе

мн. зацепи
Вид збор: Именка, машки род
Расцеп во дрво, карпа и сл.
Примери:
Тој откако го исече стеблото, направи неколку зацепи.

зев повеќе

мн. зевови
Вид збор: Именка, машки род
отвор, процеп
Албански: hapje, plasaritje
Примери:
Зевот меѓу прозорецот се прошируваше.

искрцка повеќе

искрцкаат
Вид збор: Глагол, свршен
крцка
Примери:
Поетично ги искрцка последните зборови низ заби.

испопука повеќе

Види и: испука (св.)
испопукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Испука на многу места, добие многу пукнатини.
Примери:
Ѕидовите од старата куќа испопукале.

испука повеќе

испукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие многу пукнатини по површината.
Албански: plas
Примери:
Устата му испукала.

крца повеќе

Види и: крцка (несв.)
крцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
крцка

крцка повеќе

крцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Крши плодови со тврда лушпа.
Албански: kris, kërcas
Примери:
Тој крцкаше ореви и лешници.

крцне повеќе

Види и: крцка (несв.)
крцнат
Вид збор: Глагол, свршен
крцка

напукне повеќе

Види и: пукне (св.)
напукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Пукне малку, покаже, добие пукнатина, напрсне.
Примери:
Ѕидовите напукнале од земјотресот.

попука повеќе

попукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Испука на многу места, добие многу пукнатини.
Албански: pëlcas, kërsas

процеп повеќе

мн. процепи
Вид збор: Именка, машки род
Пукнатина или тесен отвор.
Албански: çarje
Примери:
Ѕиркаше низ тесниот процеп на вратата.

прскот повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Звук што се слуша при прскање.

пука повеќе

пукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави, произведува пукот, специфичен звук.
Албански: kërcet
Примери:
Во огништето цела ноќ пукаа гламните.
Прави движење со прстите (обично со показалецот и средниот прст) предизвикувајќи звук на пукање.
Албански: plas
Примери:
Пука со прстите.

пукнатина повеќе

мн. пукнатини
Вид збор: Именка, женски род
Место, процеп каде што пукнало, што пукнал при пукање на нешто.
Албански: çarje, plasaritje
Примери:
Пукнатина во земјата.

пукне повеќе

пукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да се чуе пукот.
Албански: kërsit
Примери:
Камшикот пукна застрашувачки во воздухот.

расцеп повеќе

мн. расцепи
Вид збор: Именка, машки род
пукнатина, цеп
Албански: çarje
Примери:
Воздух влегуваше низ расцепот.

цеп повеќе

мн. цепови
Вид збор: Именка, машки род
цепнатина
Албански: prerje, plasaritje
Примери:
Ѕиркаше низ цеповите на стражарницата.

цепка повеќе

мн. цепки
Вид збор: Именка, женски род
цеп

цепутка повеќе

Види и: цеп (м.)
мн. цепутки
Вид збор: Именка, женски род
цепнатина