зев
мн. зевови
Вид збор: Именка, машки род
1.
Рефлексен грч на виличните мускули проследен со широко отворање на устата.
Англиски:
yawn
Албански:
hapje goje
Слично со:
проѕевка (ж.)
2.
Слободен проток на воздухот при непосреден премин од изговорот на една самогласка кон друга во зборот или на составот на зборовите.
Примери:
Два збора не се изговараат споено, туку така да се почувствува зев.
Слично со:
хијат (м.)
3.
отвор, процеп
Англиски:
crack
Албански:
hapje, plasaritje
Зевот меѓу прозорецот се прошируваше.
Низ зевот имаше силен провев.
Слично со:
процеп (м.)
4.
Простор меѓу нишките на основата каде што се провлекува совалката при ткаење (кај разбој).
Албански:
hapje, çelje