crocus - онтологија

качунка повеќе

мн. качунки
Вид збор: Именка, женски род
Рано пролетно цвеќе, весник на пролетта, речиси приземни бели, жолти или сино-виолетови цветови во вид на ѕвонче.
Латински: Crocus neapolitanus Албански: luleborë
Употреба: Ботаника
Примери:
Од влажната земја плашливо подѕирнуваа качунките.

мразовец повеќе

мн. мразовци
Вид збор: Именка, машки род
Лековита билка слична на качунка што цвета на есен, во време на цветењето нема развиени листови.
Латински: colchicum autumnale Албански: lloj bime shëruese
Употреба: Ботаника

подорешка повеќе

мн. подорешки
Вид збор: Именка, женски род
качунка
мразовец

прлок повеќе

мн. прлоци
Вид збор: Именка, машки род
Жолта качунка
Латински: Crocus moeciacus
Употреба: Ботаника