а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

цвеќе

мн. цвеќиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 796
1. Растение со лисја и цвет.
Англиски: flower Српски: цвеће Албански: lule Бугарски: цвете
Употреба: Ботаника
Примери:
Во градината имаше засадено многу цвеќиња.
Тие цвеќиња имаат убава миризба.
Цвеќињата уште не развиле.
Одгледува цвеќиња.
зимско цвеќе
планинско цвеќе
полско цвеќе
собно цвеќе
2. Рачка со цвет од такво растение.
Англиски: flower Албански: lule
Примери:
венец од цвеќиња
Набра две китки цвеќиња.
Кити со цвеќе.
букет цвеќиња
вештачки и природни цвеќиња
3. (само едн.) Нешто споредбено убаво.
Англиски: beauty Албански: si lule
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Сега таа му се виде цвеќе.
Твојата мака е цвеќе според мојата.
4. женска месечница
Англиски: menstruation Албански: menstruacion
Употреба: Медицина , Разговорно
5. сипаници
Англиски: measles Албански: fruth
Употреба: Медицина , Разговорно
Изрази
(посл.) Со едно цвеќе лето не иде.
Цвеќето се бере дури е росно.
Не е цвеќе за мирисање - има мани и недостатоци.