crush - онтологија

вдроби повеќе

Види и: здроби (св.)
вдробат
Вид збор: Глагол, свршен
здроби

гази повеќе

газат преод
Вид збор: Глагол, несвршен
Смачкува со нозе.
Албански: shkel, shtyp
Примери:
Ќе ја кренеше и ќе ја бувнеше на земја, ќе ја газеше, ќе ѝ ги искршеше рацете, носот ќе ѝ го смачкаше со тупаница.

догмечи повеќе

догмечат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгмечи до крај.
Албански: shtrydh deri në fund
Примери:
Сливите треба убаво да се догмечат.

догруши повеќе

догрушат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со кршењето ореви, лешници.
Албански: thej, thërmoj

задроби повеќе

задробат
Вид збор: Глагол, свршен
(се задроби) Почне да се дроби.
Албански: shtrydh
Примери:
Мразот се задроби од тешките удари.

згмечи повеќе

Види и: гмечи (несв.)
згмечат
Вид збор: Глагол, свршен
гмечи
Албански: ndrydh
Примери:
Тој ја згмечи цигарата во раката.
Смачка, претепа некого.
Албански: dërrmoj, rrah
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го згмечи од тепање зашто беше пијан.

здроби повеќе

Види и: дроби (несв.)
здробат
Вид збор: Глагол, свршен
дроби
Албански: thërmoj, grimcoj
Примери:
Домаќинката го здроби кромидот и го пушти во гравот.

иситни повеќе

иситнат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбие некоја поголема целина, издроби, издели на ситна парчиња, направи нешто да биде ситно.
Примери:
Ги иситни бисквитите и ги полеа со млеко.

истиска повеќе

истискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосема изгмечи нешто.
Албански: shtrydh
Примери:
Ја истиска цигарата во пепелникот.

набие повеќе

набијат
Вид збор: Глагол, свршен
(се набие) се нагмечи, се повреди
Албански: shtrydh
Примери:
Копајќи ми се набила раката.

надроби повеќе

надробат
Вид збор: Глагол, свршен
Дроби нешто во определено количество.
Албански: imtësoj, thërmoj
Примери:
Надробил сув леб во млекото.

нарази повеќе

наразат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагмечи, оштети (за плод и сл.)
Албански: shtrydh, dëmton
Примери:
Гледајте во пакувањето да не ги наразите праските.

подиситни повеќе

Види и: иситни (св.)
подиситнат
Вид збор: Глагол, свршен
Иситни малку, донекаде.
Примери:
Подиситни го месото на помали парчиња пред да го ставиш во манџата.

подроби повеќе

подробат
Вид збор: Глагол, свршен
Дроби, ситни малку, кратко време.
Примери:
Подроби некое време од зелката, па му здодеа и ја остави.

ситни повеќе

ситнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави нешто на поситни парчиња.
Албански: imtësoj
Примери:
Секој ден ситнеше по една илјадарка.