дроби
дробат; дробел; дробен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5721
1.
Ситни, кине нешто на помали парчиња.
Примери:
Дробеа грутки земја со прстите.
Го дробеше лебот во чинија.
Слично со:
ситни (несв.)
2.
Зборува многу, зборува непромислено.
Примери:
Дробат празни зборови.
Дроби несврзани работи.
3.
(се дроби) Се ситни.
Примери:
Мразот се дробеше во ситни парчиња.
По улицата се дробеше ситно стакло.
Изрази
Дроби трици, дроби празна слама - зборува напразно.
Што си дробел, тоа ќе сркаш - како што си направил така и ќе добиеш (обично за нешто непријатно, лошо).
Изведенки
дробење ср.
глаг. им.
глаг. им.