crystal - онтологија

билјур повеќе

мн. билјури
Вид збор: Именка, машки род
кристално стакло
Турски: billur Албански: bilur, gotë kristali
Употреба: Архаизам
Примери:
Шербет во чаши од син билјур.

кристал повеќе

мн. кристали
Вид збор: Именка, машки род
Тврдо тело кое има правилен надворешен облик на полиедар.
Албански: kristal
Употреба: Геологија
Примери:
Кристали на морска сол.
Фино брусено стакло.
Албански: kristal
Примери:
Чаши од кристал.
Тоа што е како кристал.
Албански: kristale
Употреба: Преносно значење
Примери:
Надвор блескаа снежните кристали.