Архаизам - категорија

баба повеќе

бабо
Вид збор: Именка, машки род
татко
Англиски: dad Турски: baba Албански: baba

бабаит повеќе

мн. бабаити
Вид збор: Именка, машки род
Јунак, голем крупен маж.
Англиски: hero Турски: babayiğit
Примери:
Седеле неколцина турски бабаити во една меана да пијат лута ракија.

бабаитлак повеќе

мн. бабаитлаци
Вид збор: Именка, машки род
јунаштво
Англиски: heroism Турски: babayiğitlık
Примери:
Умните знаат дека бабаитлакот и со главата се плаќа.

бабајко повеќе

мн. бабајковци
Вид збор: Именка, машки род
татко
Англиски: daddy
Примери:
Доведи му ти невеста, нека работат обата како ние што му работиме на бабајкати ...

бабалак повеќе

мн. бабалаци
Вид збор: Именка, машки род
татко на жената
Англиски: father-in-law Турски: babalık Албански: vjehërr
дедо
Англиски: grandfather Албански: gjysh
Примери:
На фотографиите од турско време ќе видиме бабалаци застанати во импозантна поза со пискули и ќостек на мевот.
потекло
Англиски: origin Албански: origjinë
Примери:
Бабалакот ѝ бил од долен слој.
наследство од татко, татковина
Англиски: inheritance Албански: trashigim
Примери:
Таа нива ми е бабалак.

бабовина повеќе

мн. бабовини
Вид збор: Именка, женски род
Оставина од татко.
Англиски: inheritance Албански: trashëgim
Примери:
Имам бабовина.
Оставина од баба.
Англиски: inheritance Албански: trashëgim
Примери:
Ова ми го оставила баба ми, ова ми е бабовина.

баждарина повеќе

мн. баждарини
Вид збор: Именка, женски род
трошарина, такса
Англиски: toll

баздриѓан повеќе

мн. баздриѓани
Вид збор: Именка, машки род
трговец
Англиски: merchant Турски: bezirgân
Примери:
Баздриѓански дуќан.

баздриѓанлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
трговија
Англиски: trade Албански: tregëti
Примери:
Одбил да биде во баздриѓанлакот.
Трговска чаршија.
Англиски: market Албански: çarshi tregëtare

бајрак повеќе

мн. бајраци
Вид збор: Именка, машки род
знаме
Англиски: flag Турски: bayrak
Примери:
Развиорен бајрак.

бајрактар повеќе

мн. бајрактари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што го носи знамето, бајракот, знаменосец (во војска и на свадба).
Англиски: standard bearer Турски: bayraktar
Примери:
Бајрактар за на свадба.

бакал повеќе

мн. бакали
Вид збор: Именка, машки род
Трговец на различни ситни производи, обично прехранбена стока.
Англиски: grocer Турски: bakkal Албански: bakallxhi, dyqanxhi
Примери:
Работеше како бакал.

бакаллак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
бакалска стока
Англиски: goods Турски: bakkaliye Албански: artikuj ushqimor
Примери:
Почна да му реди разен бакаллак: две оки шеќер, пол ока кафе, стодрам црвен пипер, една вреќа сол, тенекија газија и др.
Трговија со бакалска стока.
Англиски: grocery Албански: tregëti me artikuj ushqimor
Примери:
Со бакаллак ве хранам, ве женам, ве мажам, ве праќам на печалба.

бакалница повеќе

мн. бакалници
Вид збор: Именка, женски род
Продавница со бакалска стока.
Англиски: grocery Турски: bakkal
Примери:
селска бакалница

бакалски повеќе

Види и: бакал (м.)
бакалскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со бакал.
Албански: i dyqanxhiut
Примери:
Бакалска стока.

бакалува повеќе

Види и: бакал (м.)
бакалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши бакалска работа.
Примери:
Успешно бакалува.

балабан повеќе

мн. балабани
Вид збор: Именка, машки род
висок, крупен човек
Англиски: giant Турски: balaban
Примери:
Го врзаа балабанот во синџири.

балдиса повеќе

балдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Папса, премали, се истошти, изнемошти, капне, премре.
Англиски: exaust Турски: bayılmak
Примери:
Тој папса, балдиса, одвај си ги влече излижаните копита.

балкан повеќе

мн. балкани
Вид збор: Именка, машки род
планина
Англиски: mountain Турски: balkan Албански: mal
Примери:
Крвта им ја остави на балканите.

бало повеќе

мн. бала
Вид збор: Именка, среден род
танц, игра
Англиски: dance Турски: balo
Примери:
Со сатаната бало сте играле.

балтон повеќе

мн. балтони
Вид збор: Именка, машки род
палто
Англиски: jacket

банда повеќе

мн. банди
Вид збор: Именка, женски род
Оркестар (особено воен) од лимени инструменти.
Англиски: band Албански: bandë, orkestër

бандаџија повеќе

мн. бандаџии
Вид збор: Именка, машки род
Член на музичка банда, музикант.

банија повеќе

мн. бании
Вид збор: Именка, женски род
бановина

барабанџија повеќе

мн. барабанџии
Вид збор: Именка, машки род
Службен известувач што се огласувал со барабан.
Англиски: barker Албански: lajmëtar me daulle

барутчија повеќе

мн. барутчии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави или што продава барут.

баскија повеќе

мн. баскии
Вид збор: Именка, женски род
летва
Англиски: lath Турски: baskı
Примери:
Ќерамидите се ставаат на баскии.

баста повеќе

мн. басти
Вид збор: Именка, женски род
Набор на фустан, фалта.
Англиски: pleat
Примери:
Девојчето беше облечено во фустанче со басти.

бастиса повеќе

бастисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши претрес, нападне, опколи.
Англиски: scour Турски: basmak
Примери:
Аскерот целото село го бастиса.

бастунада повеќе

мн. бастунади
Вид збор: Именка, женски род
Тепање со бастун како казна.
Англиски: bastinado Француски: bastonnade
Примери:
Молчи таму, да не добиеш една бастунада.

батиса повеќе

батисаат
Вид збор: Глагол, свршен
потоне, пропадне, упадне
Англиски: sink Турски: batmak
Примери:
Последниот камион батисал во глибавото мочуриште.

батрдиса повеќе

батрдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
упропасти
Англиски: destroy Турски: batırmak
Примери:
Го батрдисаа човекот.

баџ повеќе

мн. баџови
Вид збор: Именка, машки род
Наплата за премин или превоз преку гранична вода или граница.
Примери:
Митрополитот не подлежи на царски давачки, ни на ѓумрук, ни на баџ, ниту пак, на некоја друга такса или пристојба.

баџак повеќе

мн. баџаци
Вид збор: Именка, машки род
бут, бедро
Англиски: thigh, leg Турски: bacak
Примери:
Такви баџаци како кај неа, не сум видел!

башбакан повеќе

мн. башбакани
Вид збор: Именка, машки род
главен водач, шеф, бос, големец
Англиски: leader Турски: başbakan
Примери:
светски новинарски башбакан

башместо повеќе

Види и: место (ср.)
мн. башместа
Вид збор: Именка, среден род
најважно место
Примери:
На башместо во рајот ќе те кладат.

башпријател повеќе

Види и: пријател (м.)
мн. башпријатели
Вид збор: Именка, машки род
прв пријател
Англиски: best friend
Примери:
На чардакот го пречека Стојан, башпријателот на Фросина.

башчауш повеќе

Види и: чауш (м.)
мн. башчауши
Вид збор: Именка, машки род
главен чауш
Примери:
Башчаушот на заптиите беше страв и трепет за нарушителите на внатрешниот ред.

бегинка повеќе

Види и: беговица (ж.)
мн. бегинки
Вид збор: Именка, женски род
беговица

беглак повеќе

Види и: беглик (м.)
мн. беглаци
Вид збор: Именка, машки род
беглик

беговина повеќе

мн. беговини
Вид збор: Именка, женски род
бегова земја, бегов имот

беговица повеќе

мн. беговици
Вид збор: Именка, женски род
бегова жена

бедствие повеќе

Види и: беда (ж.)
мн. бедствија
Вид збор: Именка, среден род
беда
Англиски: misery

безбели повеќе

Вид збор: Модален збор
Без сомнение, секако, сигурно.
Англиски: sure Турски: besbelli
Примери:
Без божја волја, безбели, ниту се бере, ниту се жние.

безбожие повеќе

мн. безбожија
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на верата во бога.
Англиски: atheism
Примери:
Владееше безбожие.

безветрие повеќе

Види и: безветрина (ж.)
мн. безветрија
Вид збор: Именка, среден род
безветрина
Англиски: calm
Примери:
Во безветрие испловија на брегот.

безделие повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на желба за работење.
Англиски: idleness
Примери:
Сатиричарот се бунел против безделието и раскошот на благородништвото.

бекчија повеќе

мн. бекчии
Вид збор: Именка, машки род
полјак, падар
Англиски: ranger Турски: bekçi

белило повеќе

мн. белила
Вид збор: Именка, среден род
Козметичко средство за белење лице.
Англиски: make-up Албански: të bardhë
Примери:
Таа ставаше многу белило на лицето.

бенкалија повеќе

мн. бенкалии
Вид збор: Придавка
(немен по род) бенкичав
Англиски: spotted

бербат повеќе

Вид збор: Придавка
нечист, валкан
Англиски: dirty Турски: berbat

бербати повеќе

бербатат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да биде валкан, нечист.
Англиски: pollute
Примери:
Треба да престанеме на сите страни да се бербатиме.

бербатлак повеќе

Види и: бербат (прид.)
мн. бербатлаци
Вид збор: Именка, машки род
нечистотија, валканица
Англиски: dirt
Примери:
Ќе нѐ остават да се удавиме во сопствениот бербатлак.

берберлак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
берберство

бердана повеќе

мн. бердани
Вид збор: Именка, женски род
Пушка од втората половина на 19 век.

бесалија повеќе

мн. бесалии
Вид збор: Именка, машки род
човек од збор

бесправие повеќе

мн. бесправија
Вид збор: Именка, среден род
бесправност, беззаконие
Англиски: lawlessness
Примери:
Чифчијата стенкаше под тешкиот товар, наметнат од силата и бесправието.

бесрамие повеќе

мн. бесрамија
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на срам.
Англиски: impertinence
Примери:
Невидено бесрамие.

бессилие повеќе

мн. бессилија
Вид збор: Именка, среден род
бессилност, слабост, немоќ
Англиски: impotence
Примери:
страшно бессилие

бестрашие повеќе

мн. бестрашија
Вид збор: Именка, среден род
бестрашност, храброст
Англиски: courage
Примери:
Дервишите восхитуваа со своето бестрашие.

бешлик повеќе

мн. бешлици
Вид збор: Именка, машки род
Стара турско сребрена монета од пет гроша.
Турски: beşlik
Примери:
Куп бели меџидии, бешлици, златни лири.

би повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
Стана, се случи.
Англиски: became
Примери:
И би светлост.
Тепа, бие - аористна форма.
Англиски: beat
Примери:
Толку многу ги би децата, рацете го заболеа.

бивак повеќе

мн. биваци
Вид збор: Именка, машки род
Војнички логор за привремен престој.
Англиски: bivouac
Примери:
бивак на цела дивизија

билјоса повеќе

билјосаат
Вид збор: Глагол, свршен
се опие, се замае од билје, се маѓоса
Примери:
Коњот билјоса.

билјур повеќе

мн. билјури
Вид збор: Именка, машки род
кристално стакло
Англиски: crystal Турски: billur Албански: bilur, gotë kristali
Примери:
Шербет во чаши од син билјур.
кристален сјај
Англиски: shine Албански: i pastër, shkëlqim i kristalt
Примери:
Езеро полеано со билјури од сонце.

билка повеќе

мн. билки
Вид збор: Именка, женски род
лек
Англиски: remedy Албански: barë, ilaç

бина повеќе

мн. бини
Вид збор: Именка, женски род
зграда, куќа
Англиски: building Турски: bina Албански: bina, ndërtim
Примери:
За три дена направија голема бина, сите жители се почудија.

бинек повеќе

мн. бинеци
Вид збор: Именка, машки род
Коњ што служи за јавање.
Англиски: horse Турски: binek
Примери:
Бинек со необично долг и извиен врат.

бинекташ повеќе

мн. бинекташи
Вид збор: Именка, машки род
Голем камен што служи за качување на коњ.
Турски: binek taşı
Примери:
Камен да се сториш, бинекташ да бидеш!

бинекчија повеќе

мн. бинекчии
Вид збор: Именка, машки род
Коњаник, добар јавач.
Англиски: rider Турски: binici
Примери:
Млад бинекчија како некаков бег.

биниш повеќе

мн. биниши
Вид збор: Именка, машки род
Широка наметка со долги ракави.
Турски: biniş
Примери:
Црвен биниш.

бир повеќе

мн. бирови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што го давале верниците на манастир или на свештеник, давачка во пари или прехранбени продукти.
Англиски: donation Турски: bir
Примери:
Тој бир отпаднал на печатењето на неговите книги како народна дотација.

бирник повеќе

мн. бирници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што собира данок.
Англиски: tax collector
Примери:
Тој беше бирник воин.

битиса повеќе

битисаат
Вид збор: Глагол, свршен
заврши, скончи
Англиски: finish, expire Турски: bitti
Примери:
Муабетот битиса.

битисува повеќе

битисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
завршува, исчезнува
Англиски: expire, disappear
Примери:
Денот полека битисува.

бичкија повеќе

мн. бичкии
Вид збор: Именка, женски род
Рачна пила од дрвена рамка и челичен лист со остри запци на долниот раб.
Англиски: saw Турски: bıçkı
Примери:
Запците од бичкијата.

бичкиџија повеќе

мн. бичкиџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што бичи со бичкија.
Турски: bıçkıcı
Примери:
Бичкиџијата сече по десет трупа на ден.

бичкиџилница повеќе

мн. бичкиџилници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се бичи.

благден повеќе

Вид збор: Именка, машки род
празник
Англиски: holiday
Примери:
Во големиот салон на изложбената галерија ќе се одржи традиционалната манифестација „На Велигден на благден“. [извор]

благоверен повеќе

благоверниот
Вид збор: Придавка
Правоверен (обично пред титулите на старите владетели).
Примери:
Благоверни и христољубиви господари.

благоверник повеќе

мн. благоверници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е правоверен, чист во верата, со христијанска доблест.
Примери:
Императорот на Византија, благоверникот Михаил Трети.

благодушие повеќе

Вид збор: Именка, среден род
благодушност, добродушност
Примери:
безгранично благодушие

благословија повеќе

мн. благословии
Вид збор: Именка, женски род
благослов
Англиски: blessing

блуден повеќе

блудни
Вид збор: Придавка
Што го згрешил правилниот пат, што заблудел.
Англиски: stray

бљудо повеќе

мн. бљуда
Вид збор: Именка, среден род
чинија
Англиски: plate
Примери:
Домаќинката пред нив ставила големо бљудо.

богатник повеќе

мн. богатници
Вид збор: Именка, машки род
богаташ
Англиски: rich person
Примери:
Тој беше угледен богатник.

богољубец повеќе

мн. богољупци
Вид збор: Именка, машки род
Што го љуби Бога; побожен човек, праведник.
Примери:
Легионерите до еден ги истотепале богољупците ни криви ни должни.

божев повеќе

Види и: божји (прид.)
божевиот
Вид збор: Придавка
божји
Англиски: godly

божевен повеќе

божевниот
Вид збор: Придавка
побожен
Англиски: pious
Примери:
Кажувал божевни работи, а лекувал и од болести.

бои повеќе

бојат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се бои) се плаши
Англиски: fear Српски: бојати Албански: druaj Бугарски: боя
Примери:
Не бој се, нема ништо да стане.

бојлија повеќе

мн. бојлии
Вид збор: Придавка
стасит, висок
Англиски: tall Турски: boylu
Примери:
Момчето беше високо, бојлија.

бојник повеќе

мн. бојници
Вид збор: Именка, машки род
војник
Англиски: warrior Албански: ushtar, luftëtar
Примери:
Момчето беше облечено како старовремски бојник со оклоп, копје и штит.

боктиса повеќе

боктисаат
Вид збор: Глагол, свршен
додее, досади
Англиски: bore Турски: bıkmak
Примери:
На сите им боктиса.

бол повеќе

Вид збор: Прилог
многу
Англиски: plenty Турски: bol
Примери:
бол јадење

болува повеќе

Види и: боледува (несв.)
болуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
боледува
Англиски: suffer

бомбе повеќе

мн. бомбиња
Вид збор: Именка, среден род
полуцилиндар
Англиски: hat
Примери:
Луѓето ги оставаа парите во црно големо бомбе.

борија повеќе

мн. бории
Вид збор: Именка, женски род
труба
Англиски: trumpet Турски: boru
Примери:
Гласот му беше како борија.
цевка
Англиски: pipe Турски: boru

борч повеќе

мн. борчови
Вид збор: Именка, машки род
Долг, тоа што некој некому му должи.
Англиски: debt Турски: borç
Примери:
Куќата му ја продадоа за борчови.

борчи повеќе

борчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Должи некому нешто, најчесто пари.
Англиски: owe
Примери:
Вашето село му борчи на царот сто илјади аспри.

брак повеќе

мн. бракови
Вид збор: Именка, машки род
свадба
Англиски: wedding Албански: martesë
Примери:
Славиме брак.

брзописец повеќе

мн. брзописци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што пишува брзо.
Примери:
Тој побара двајца попови, вешти брзописци.

буица повеќе

мн. буици
Вид збор: Именка, женски род
треска, грозница
Англиски: fiver Албански: ethe
Примери:
Буицата била опасна болест во тоа време.

бурмали повеќе

Вид збор: Придавка
Во форма на бурма, прстен.
Англиски: annular
Примери:
Бурмали џамија

бусија повеќе

мн. бусии
Вид збор: Именка, женски род
заседа
Англиски: trap
Примери:
Комитите фатија бусија зад грмушките.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш