dandy - онтологија

гиздавец повеќе

мн. гиздавци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што посветува големо внимание на изгледот, претерано дотеран човек.
Примери:
Изгледаше како прав гиздавец.

гиздало повеќе

мн. гиздала
Вид збор: Именка, среден род
Гиздав човек.
Албански: njeri i stolisur
Примери:
Беше големо гиздало.

денди повеќе

мн. дендија
Вид збор: Именка, среден род
Тој што се облекува и живее според модата.
Примери:
Дендито се гледа во огледало и се восхитува на самиот себе.

кицош повеќе

мн. кицоши
Вид збор: Именка, машки род
Лице што премногу посветува внимание на својот изглед.
Употреба: Иронично

конте повеќе

мн. контиња
Вид збор: Именка, среден род
Лице што многу сака да cе конти, да cе гизди.
Албански: pispilluq
Употреба: Разговорно
Примери:
Се занесува ова разгалено, напрчено конте.

помодар повеќе

мн. помодари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ги следи најновите модни трендови.

тавраџија повеќе

мн. тавраџии
Вид збор: Именка, машки род
гиздало, гиздавец, кицош
Употреба: Разговорно