Иронично - категорија

гаќарко повеќе

мн. гаќарковци
Вид збор: Именка, машки род
Човек облечен само во гаќи.
Албански: brekëxhi
Примери:
Летно време сите беа гаќарковци.
Незрел или премлад човек.
Албански: i pa pjekur, ende me brekë
Примери:
Тој гаќарко ли мене ќе ми кажува?

генијалец повеќе

Види и: гениј (м.)
мн. генијалци
Вид збор: Именка, машки род
гениј
Англиски: genius
Примери:
Ете така нашите генијалци човековата еволуција и целиот жив свет од милијарди години ја сместија во шоу.

главуч повеќе

мн. главучи
Вид збор: Именка, машки род
Човек на висока позиција, функционер, директор.
Англиски: boss Албански: kryemadh
Примери:
Во хотелот беа сместени сите главучи од околијата.

голтар повеќе

мн. голтари
Вид збор: Именка, машки род
сиромашен, беден човек
Англиски: prole
Примери:
Знам нема да се здружиш со голтари и легачи на кои им тежи мотиката.
а - б - в - г - д - з - ѕ - и - ј - к - м - н - о - п - р - с - у - ф - х - ш