darling - онтологија

дилбер повеќе

мн. дилбери
Вид збор: Именка, машки род
љубовник, саканик, миленик, либе
Турски: dilber
Употреба: Архаизам
Примери:
мој дилбере

злато повеќе

(едн.) златото
Вид збор: Именка, среден род
Во обраќање на галено.
Албански: flori, alltan
Примери:
Ах, злато мое.

кузум повеќе

Вид збор: Придавка
мила, драга, јагне
Турски: kuzu
Примери:
Невесто, кузум убава.

либе повеќе

(едн.) либето
Вид збор: Именка, среден род
Мил, драг сопруг или сопруга.
Албански: i, e dashur
Употреба: Народна поезија
Примери:
Гледај ги, либе, чувај ги, моите девет дечиња.

радост повеќе

мн. радости
Вид збор: Именка, женски род
Обично со некоја заменка - нежно обраќање.
Албански: gëzim
Примери:
Среќни сме со тебе, наша радост.

смилјаник повеќе

мн. смилјаници
Вид збор: Именка, машки род
миленик
Употреба: Народна поезија
Примери:
(нар. поез.) А јуначе смилјаниче, Лазаре!/ смил ти киска подгорела.

џанам повеќе

Вид збор: Честичка
(на турски „душо, душице“) За поттикнување при обраќање.
Турски: canım
Употреба: Разговорно
Примери:
Ајде џанам, не грижи се, сѐ ќе биде арно.