dawn - онтологија

забелее повеќе

(се) забелеат
Вид збор: Глагол, свршен
Се појави виделина, светлина.
Албански: zbardhet, gdhin
Употреба: Безлично
Примери:
На исток се забелеа.

зазори повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
(се зазори) Настапи зора.
Албански: gdhin, agon
Употреба: Безлично
Примери:
Се зазори пред да ја решам задачата.

зора повеќе

мн. зори
Вид збор: Именка, женски род
Прва утринска светлина при разденувањето.
Албански: agim
Примери:
Светла зора.

зори повеќе

зорат
Вид збор: Глагол, несвршен
За зора - се појавува првата дневна светлина, се раѓа зора.
Албански: agon
Примери:
Зората зори.
(се зори) Се појавува првата дневна светлина, се раѓа зора.
Албански: agon
Примери:
Веќе се зореше зората.

зорнина повеќе

мн. зорнини
Вид збор: Именка, женски род
Рана зора, време на развиделување, пред изгревање на сонцето.
Употреба: Архаизам
Примери:
Уште во зорнината дваесетина луѓе го бастисале стадото.

квечерина повеќе

мн. квечерини
Вид збор: Именка, женски род
Време при крајот на денот, пред паѓање на самрак.
Албански: muzg
Примери:
Квечерината беше пријатна, иако на небото брзаа натежнати облаци.
Време непосредно пред некаков настан.
Албански: natë para ndonjë ngjarje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во квечерината на војната луѓето беа исплашени.

предзори повеќе

Вид збор: Прилог
Времето непосредно пред зазорување, пред изгрејсонце.
Примери:
Излегоа предзори.

развиделување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) развиделува
Примери:
на развиделување

раздени повеќе

разденило
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) развидели, самне
Албански: agon, gdhin
Употреба: Безлично , Преносно значење
Примери:
И го разденило на една планина.
(се раздени) Стане видело, осамне.
Албански: gdhin, zbardh, agon
Употреба: Безлично
Примери:
Додека се врати од работа, се раздени.

разденува повеќе

Види и: раздени (св.)
(се) разденуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раздени
Примери:
Веќе се разденува!

самне повеќе

(се) самнало
Вид збор: Глагол, свршен
Се најде некаде кога ќе се раздени.
Албански: agon, gdhin
Примери:
Побрзајте, зашто ќе не самне.