dead - онтологија

крај повеќе

мн. краеви
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) смрт
Примери:
Му се ближи крајот.

мртво повеќе

Вид збор: Прилог
Безживотно, како мртов.
Примери:
Левата рака мртво му паѓа.

мртов повеќе

мртва
Вид збор: Придавка
Што не е веќе жив, умрен (за човек), пцовисан (за животно), овенат, сув (за растение).
Албански: i vdekur
Примери:
мртов човек
Што нема живост, замрен, стивнат.
Албански: i vdekur
Употреба: Преносно значење
Примери:
мртов град
За потсилување на значењето.
Албански: shumë
Примери:
мртва тишина

отепан повеќе

отепаниот
Вид збор: Придавка
Што е усмртен, убиен, насилно лишен од живот.

пцовисан повеќе

пцовисани
Вид збор: Придавка
Што пцовисал.

умрен повеќе

мн. умрени
Вид збор: Именка, машки род
Тој што умрел.
Примери:
Го стави крстот на умрениот.

умрен повеќе

умрени
Вид збор: Придавка
Што престанал да живее.
Примери:
Живите твои да бидат, а умрените мои.