decline - онтологија

деклинира повеќе

деклинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Менува зборови по падежи.
Албански: deklinoj, lakoj
Употреба: Граматика

доспадне повеќе

доспаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Спадне до определена мера, до крај.
Примери:
Се очекува нивото на реката да доспадне во текот на денот.

заод повеќе

Види и: залез (м.)
(едн.) заодот
Вид збор: Именка, машки род
залез
Албански: perëndon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е на заодот на животот.

одбие повеќе

одбијат
Вид збор: Глагол, свршен
Не прифати некому нешто, не се согласи, не уважи, не усвои.
Албански: refuzoj
Примери:
Работниците одбија да работат.

одмавне повеќе

одмавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Со мавтање, со движење на раката или на главата покаже несогласување, одбивање или помирување со нешто.
Албански: valvitje, tundje dore
Примери:
Презриво одмавна со раката и ништо не одговори.

откаже повеќе

откажат
Вид збор: Глагол, свршен
(се откаже) Одбие, напушти нешто што по закон му припаѓа, му следува.
Албански: refuzoj
Употреба: Правда
Примери:
Се откажа од својот дел од наследството во корист на брат му.

членува повеќе

членуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Именката или придавката ја става во членска форма.
Албански: lakon, trajton, deklinon
Употреба: Граматика