а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залез

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3476
1. Заоѓање на сонцето зад хоризонтот.
Англиски: sun-set Албански: perëndim i diellit
Примери:
Од изгрев до залез работеше по нивите.
Залез на сонцето.
2. Време на заоѓање на сонцето.
Англиски: sun-set Албански: perëndim i diellit
Примери:
Залезот во рамницата не трае долго.
3. Крај, завршеток на нешто.
Англиски: end Албански: fundi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Бурниот ден е на залез.