другаруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се посветува на нешто.
Примери:
Другарувам со осамата.
оддадам
Вид збор: Глагол, свршен
(се оддаде) Се предаде целосно на нешто.
Примери:
Се оддаде на уметноста.
посветат
Вид збор: Глагол, свршен
Се предаде, оддели целосно внимание на некого или нешто, на некаква дејност.
Примери:
Сиот свој живот го посветил на згрижување на децата.
Направи нешто, некоја содржина, предмет на проучување, разгледување, оценка.
Примери:
Неколку предавања ѝ беа посветени на македонската литература.
Намени книга, творба некому во знак на почит, љубов, благодарност.
Примери:
Својата книга им ја посвети на најблиските.
(се посвети) Се оддаде, се предаде целосно на некого или на нешто.
Примери:
Ако повеќе се посветевме на нашите задачи, и економските резултати ќе дојдеа.
фрлат
Вид збор: Глагол, свршен
(се фрли) Се пушти во активно учество во нешто.
Примери:
Се фрли на работа во организацијата.