deflate - онтологија

издише повеќе

Види и: издиши (св.)
издишат
Вид збор: Глагол, свршен
Испушти воздух од некој затворен, пластичен или гумен предмет.
Албански: çfryjë
Примери:
Децата ги издишија гумите на точакот.

издуши повеќе

издушат
Вид збор: Глагол, свршен
Истисне воздух од нешто што било полно со воздух: бели дробови, балон и сл.
Албански: shfryj
Примери:
Го издуши балонот.

испумпува повеќе

Види и: испумпа (св.)
испумпуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта воздух од нешто напумпано.
Албански: çfryj
Примери:
Го испумпа чамецот.
(се испумпа) Се испушто воздух.
Албански: çfryhet
Примери:
Гумата се испумпала.

истиши повеќе

истишат
Вид збор: Глагол, свршен
Испушти воздух од нешто надуено, напумпано.
Албански: shfryj
Примери:
Го истиши балонот.
(се истиши)Се испушти водух.
Албански: shfryhet
Примери:
Гумата се истишила.

истуши повеќе

(се) истушат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане без воздух, се испразни.
Албански: shfryj
Употреба: Разговорно
Примери:
Топката се истушила.

оттиши повеќе

оттишат
Вид збор: Глагол, свршен
Испушти воздух од нешто.
Албански: shfryj
Примери:
Оттиши ја гумата, премногу е напумпана.
(се оттиши) За нешто наполнето со воздух.
Албански: shfryj
Примери:
Гумата се оттиши.

тиши повеќе

(се) тишат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издишува, испушта воздух од нешто надуено, напумпано.
Примери:
Ги тиши гумите.
(се тиши) Се испушта, се губи воздух.
Примери:
Предната гума на велосипедот се тиши.