department - онтологија

департман повеќе

мн. департмани
Вид збор: Именка, машки род
Административно-територијална единица во некои земји (на пр. во Франција).
Албански: repart
Примери:
Направен е пустош во четиринаесет департмани.
Министерство за надворешни работи во некои земји (Швајцарија, САД).
Албански: ministrija e punëve të jashtme
Управно одделение на повисока установа во некои земји.
Албански: repart

катедра повеќе

мн. катедри
Вид збор: Именка, женски род
Наставен предмет или група од сродни наставни предмети во високите и вишите школи; соодветен отсек, група во такви школи.
Албански: katedër
Употреба: Образование
Примери:
Катедра за славистика.

оддел повеќе

мн. оддели
Вид збор: Именка, машки род
Составен дел од организација, институција, установа.
Албански: sekcion
Примери:
Хируршки оддел.

одделение повеќе

мн. одделенија
Вид збор: Именка, среден род
Составен дел од организација, институција, установа.
Албански: njësi
Употреба: Административен термин
Примери:
одделение за интензивна нега

одред повеќе

мн. одреди
Вид збор: Именка, машки род
Организирана група со организација слична на воената.
Албански: repart
Примери:
Извиднички одред.

отсек повеќе

мн. отсеци
Вид збор: Именка, машки род
Внатрешна организациска единица во едно одделение на некоја установа, управен орган или сл.
Албански: repart
Употреба: Административен термин
Примери:
Јас сум референт во станбен отсек.

ресор повеќе

мн. ресори
Вид збор: Именка, машки род
Струка, област на работа, делокруг, надлежност.
Примери:
Министер без ресор.

цех повеќе

мн. цехови
Вид збор: Именка, машки род
Одделение во фабрика, во комбинат.
Албански: repart
Примери:
Чевларскиот цех.