Образование - категорија

кандидат повеќе

мн. кандидати
Вид збор: Именка, машки род
Ученик или студент што полага некаков испит.
Англиски: candidate Албански: kandidat
Примери:
На приемниот испит се јавија голем број кандидати.

катедра повеќе

мн. катедри
Вид збор: Именка, женски род
Маса за предавач, наставник во училница, сала за предавања, обично поставена на повисоко место.
Англиски: lecturer's desk Албански: katedër
Примери:
Класниот старешина се упати кон катедрата, го одложи дневникот и седна.
Наставен предмет или група од сродни наставни предмети во високите и вишите школи; соодветен отсек, група во такви школи.
Англиски: department Албански: katedër
Примери:
Катедра за славистика.
Сите предавачи од една или неколку сродни дисциплини.
Англиски: teaching staff Албански: katedër

квалифицира повеќе

Види и: квалификува (св. и несв.)
(се) квалифицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се) квалификува
Англиски: qualify Албански: kualifikoj

клас повеќе

мн. класови
Вид збор: Именка, машки род
Степен на школување во средно училиште во траење од една година; едногодишна наставна програма.
Англиски: class Албански: klasë
Примери:
Тој тргна во први клас гимназија.
Група ученици што заедно посетуваат таква настава.
Англиски: class Албански: klasë
Примери:
Целата гимназија по класови е построена во дворот.
Училница во средно училиште.
Англиски: classroom Албански: klasë, mësojtore
Примери:
Тогаш бевте добри пријатели, седевте во една клупа во класот.

класа повеќе

мн. класи
Вид збор: Именка, женски род
Група ученици или студенти, што се школуваат кај еден предавач, професор по уметност (глума, музика, сликарство).
Англиски: class Албански: klasë
Примери:
Тој се школуваше во класата на најстариот професор.
Генерација на ученици од исто училиште; група воени обврзници што служат војска во ист период.
Англиски: year Албански: klasë, gjeneratë
Примери:
Оваа година излезе првата класа на воени питомци.

класен повеќе

класниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на клас.
Англиски: class
Примери:
Класен раководител.

клупа повеќе

мн. клупи
Вид збор: Именка, женски род
Предмет за седење, обично за двајца, со потпирач и cо преден дел што служи како маса за пишување.
Англиски: desk Албански: bankë
Примери:
Училишна клупа.

когнитивен повеќе

когнитивниот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со спознавањето.
Англиски: cognitive
Примери:
когнитивно учење

колеџ повеќе

мн. колеџи
Вид збор: Именка, машки род
Назив за образовна установа, во разни земји од различен степен: средна, виша или висока.
Англиски: college
Примери:
Децата на печалбарите ретко учат во колеџи.

колоквира повеќе

колоквираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Полага колоквиум.
Примери:
Колоквираат кај шефот на таа единица.

колоквиум повеќе

мн. колоквиуми
Вид збор: Именка, машки род
Разговор; испрашување, проверка на студенти пред испитната сесија.
Англиски: colloquium
Примери:
Студентот има обврска да го пријави колоквиумот електронски, преку соодветната компјутерска програма.

конверзација повеќе

мн. конверзации
Вид збор: Именка, женски род
Разговор на туѓ јазик (при учење), усна вежба.
Англиски: conversation Албански: konverzacion
Примери:
Наставникот започна конверзација со учениците.

конзерваториум повеќе

мн. конзерваториуми
Вид збор: Именка, машки род
Највисока музичка школа.
Англиски: conservatory
Примери:
Студира пијано на конзерваториум.

корепетира повеќе

Види и: корепетитор (м.)
корепетираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Помага при учење.

корепетитор повеќе

мн. корепетитори
Вид збор: Именка, машки род
Учител што го повторува со ученици во интернат материјалот што е предаван.
Англиски: correpetitor Албански: korepetitor, ritregues

курикулум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
наставен план
Латински: curriculum Англиски: curriculum
Примери:
Тие имале сеопфатен курикулум, наставна програма, експерти, со еден збор, се погрижиле за сите аспекти.

курс повеќе

мн. курсеви
Вид збор: Именка, машки род
Систематско излагање од определена научна област.
Англиски: compendium Албански: kurs
Примери:
Курс по лингвистика.
Кратка настава и обука од теоријата и практиката на некоја наука или струка.
Англиски: class Албански: kurs, mësim
Примери:
Летни курсеви.

курсист повеќе

мн. курсисти
Вид збор: Именка, машки род
Слушател на некој курс.
Примери:
Курсистите беа сместени во интернат.
а - б - в - г - д - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш