deposit - онтологија

аконтација повеќе

мн. аконтации
Вид збор: Именка, женски род
Однапред дадени пари во помал износ од вредноста на трудот, услугата или на стоката.
Албански: akontacion, depozitë
Употреба: Економија

влог повеќе

мн. влогови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што некој го вложува, најчесто паричен износ, во банка; во некоја работа, во игра на среќа.
Албански: depozitë
Употреба: Економија
Примери:
Основачки влог.

вложи повеќе

вложат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, внесе пари во банка.
Албански: depozitoj, fus
Употреба: Економија
Примери:
Сите девизи тој ги вложуваше в банка.

внесе повеќе

внесат
Вид збор: Глагол, свршен
Вложи пари, драгоцености (во банка).
Албански: fus, depozitoj
Употреба: Економија
Примери:
Целата плата од овој месец ја внесов во штедната книшка.

депозит повеќе

мн. депозити
Вид збор: Именка, машки род
Пари, накит, документи и вредни предмети оставени на чување најчесто во банка.
Албански: depozitë
Употреба: Економија
Примери:
Депозит во банка.

депонира повеќе

депонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Остави, остава на чување; вложи, вложува пари во банка.
Албански: deponoj
Употреба: Економија
Примери:
Депонира документи.
Остави, остава свој потпис во банка.
Албански: depozitoj, deponoj
Употреба: Економија
Примери:
Депонира потпис.

капар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Дел од договорена вредност, сума пари што се даваат однапред при склучување на некаков договор (при купување, наем и сл.), како гаранција дека договореното ќе се почитува, ќе се изврши.
Турски: kaparo Албански: kapar, depozit
Употреба: Економија
Примери:
Настојувам преку капар или аванси цврсто да ги врзам купувачите.

капари повеќе

Види и: капариса (св.)
капарат
Вид збор: Глагол, свршен
капариса
Албански: kaparoj
Употреба: Економија
Примери:
Ја капаривме куќата.

капариса повеќе

капарисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде капар, го осигури за себе тоа што го купува.
Албански: kaparoj, kaparisë
Употреба: Економија
Примери:
Тој го капариса имотот.

кауција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Пари или хартии од вредноcт што се даваат како гаранција за извршување на договорени обврски.
Албански: kaucion
Употреба: Економија

лежиште повеќе

мн. лежишта
Вид збор: Именка, среден род
Наоѓалиште на руда.
Албански: fundërresë
Употреба: Геологија
Примери:
Лежиште на јаглен.

мил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Наталожен нанос од кал и многу ситен песок на дното на бара, река, езеро.
Албански: fundërresë
Употреба: Географија

наталожи повеќе

Види и: таложи (несв.)
(се) наталожат
Вид збор: Глагол, свршен
Со таложење образува талог.
Албански: fundërroj
Примери:
Нечистотијата се наталожила на дното.

натрупа повеќе

натрупаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се натрупа) Се насобере со трупање нешто (песок, нанос, снег).
Албански: mbledh

таложи повеќе

таложат
Вид збор: Глагол, несвршен
Слегнува надолу и создава талог.
Примери:
Со години се таложел песокот.
Постепено собира, натрупува.
Примери:
Во главата му се таложат болни мисли.
(се таложи) Се одвојува од течноста и паѓа на дното во вид на талог, образува талог.
Примери:
Нечистотиите се таложат на дното од садот.

уплата повеќе

уплатата
Вид збор: Именка, женски род
Износ што се уплатува.
Албански: pagesë
Употреба: Економија

уплати повеќе

уплатат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши уплата.
Албански: paguaj
Употреба: Економија