внесе
внесат; внеси, внесете; внесов, внесоа; внел, внесол, внесле; (ќе) внесев, (ќе) внесеа; (ќе) внесел; внесен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1295
1.
Носејќи смести, донесе нешто некаде, во внатрешноста на нешто.
Англиски:
bring in
Албански:
sjell, fus
Работниците го внесоа алатот во магацинот.
Двајца војници го внесоа тешко ранетиот во полската болница.
Спротивно од:
изнесе (св.)
2.
Донесе отстрана, од друга земја, од надворешна средина и сл.
Примери:
Внесе пари.
Внесе капитал.
Внесе болест.
3.
Увезе, по трговски пат, внесе стока.
Примери:
Претпријатијата внесуваат кај нас разни непотребни стоки.
Слично со:
увезе (св.)
4.
Предизвика некаква состојба кај некого.
Примери:
Вестите внесоа раздвиженост во духовите и живост во разговорите.
Тој внесе немир во мојата душа.
6.
Воведе нови содржини, нови елементи, нова карактеристика.
Англиски:
introduce
Албански:
sjell, fus
Новата мода ја внесуваат кај нас прво жените.
7.
Вложи пари, драгоцености (во банка).
Примери:
Целата плата од овој месец ја внесов во штедната книшка.
Слично со:
вложи (св.)
8.
Запише, вметне текст, ознака и сл.
Примери:
Тој внесе неколку исправки во својот напис.
Слично со:
вметне (св.)
9.
(се внесе) Се вдлабочи, вникне во нешто, се занесе.
Англиски:
become absorbed
Албански:
thelloj
Тој се внесе во приказната.
Се внесе во работата.
Слично со:
вдлабочи (св.)
10.
(се внесе) Се приближи премногу до некого.
Примери:
Тој му се внесе в лице на директорот викајќи.
Изведенки
1.
внесува несв.
внесуваат
внесуваат
2.
внесување ср.
глаг. им.
глаг. им.