different - онтологија

десетти повеќе

десетта
Вид збор: Придавка
Сосема друго, различно од тоа што се зборува.
Примери:
Мислам на нешто десетто.

друг повеќе

други
Вид збор: Придавка
Инаков, поинаков, не ваков, не како посочениот.
Албански: i ndryshëm
Примери:
Откако се ожени, стана друг човек.

друго повеќе

Вид збор: Прилог
инаку, поинаку
Албански: tjetër
Примери:
Сега е друго.

инаков повеќе

инаквиот
Вид збор: Придавка
Што е различен, што не е како некого или како нешто.
Примери:
Инаква е неговата работа, инаква нашата.

одделен повеќе

одделни
Вид збор: Придавка
Што е познат, но не е именуван.
Примери:
Одделни луѓе го поддржаа.

подруг повеќе

подруги
Вид збор: Придавка
Што е различен, поинаков со друг.
Примери:
Сега е подруг човек.

поинаков повеќе

поинакви
Вид збор: Придавка
Што е малку инаков, поразличен.
Примери:
поинакви времиња

разен повеќе

Види и: различен (прид.)
разни
Вид збор: Придавка
Нееднаков во нешто.
Албански: tjetër
Примери:
Разни луѓе, разни обичаи.
разнообразен, секаков, севозможен
Албански: ndryshe
Примери:
Се слушаа разни мислења.

различен повеќе

различни
Вид збор: Придавка
Кој се одделува со своите црти, нееднаков.
Албански: i ndryshëm
Примери:
Луѓе со различни сфаќања.

различит повеќе

Вид збор: Придавка
различен

разно повеќе

Вид збор: Прилог
различно
Употреба: Ретко
Примери:
Ние разно гледаме на работите.

семожен повеќе

семожна
Вид збор: Придавка
Кој е составен од најразлични видови, најразличен.
Примери:
Семожни шпекулации.

турли-турли повеќе

Вид збор: Придавка
Секаков, различен, од различни видови.
Примери:
Турли-турли цвеќиња.