ист
исти
Вид збор: Придавка
Ранг: 109
1.
Што не е некој друг, токму тој.
Примери:
По многу години се најдов на истата улица, пред истата куќа.
Истиот тој пред еден месец поинаку зборуваше.
Истиот миг го грабна писмото и излета низ вратата.
Спротивно од:
друг (прид.)
2.
Што не е поинаков; еднаков, многу сличен со некој друг.
Примери:
И тој ги употреби истите зборови.
Двете купиле исти чевли.
Ист татко му.
Спротивно од:
различен (прид.)
Изрази
На иста бранова должина се - слично размислуваат, се сложуваат.