dilute - онтологија

крсти повеќе

крстат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Тури, тура вода во течност (вино, млеко).
Албански: holloj
Употреба: Иронично , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Дедо, си го крстил виново.

поразблажи повеќе

Види и: разблажи (св.)
поразблажат
Вид збор: Глагол, свршен
Со додавање течност (вода) направи да стане поредок.
Примери:
Тој додаде вода за да го поразблажи виното.

поразводни повеќе

Види и: разводни (св.)
поразводнат
Вид збор: Глагол, свршен
Со налевање вода направи нешто д изгуби од својата густина, да стане малку поретко.
Албански: holloj

поразреди повеќе

Види и: разреди (св.)
поразредат
Вид збор: Глагол, свршен
Со додавање течност направи да стане уште поредок.
Албански: holloj
Примери:
Молерот ја поразреди бојата со вода.
(се поразреди) Се разреди малку, донекаде.
Албански: dobësoj

пораствори повеќе

Види и: раствори (св.)
порастворат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пораствори) Се раствори малку, донекаде.
Албански: tretet pak
Примери:
Бојата лесно се пораствори.

разблажи повеќе

разблажат
Вид збор: Глагол, свршен
Обично за течност - со додавање нешто направи поблаго, ја разредува течноста со додавање вода или др.
Албански: t'holloj
Примери:
Го разблажи виното со вода
(се разблажи) Стане поблаг; се разредува течноста со додавање вода или др.
Албански: t'holloj

разводени повеќе

Види и: разводни (св.)
разводенат
Вид збор: Глагол, свршен
разводни
Примери:
Имам впечаток дека молкнале, гледаат во земја и чекаат да ја разводенат неговата оставка.

разводни повеќе

разводнат
Вид збор: Глагол, свршен
Со налевање вода, течност направи нешто да стане многу водно.
Албански: holloj me ujë
Примери:
Го разводни виното.

разреди повеќе

разредуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Со додавање течност направи да стане поредок.
Албански: holloj
Примери:
Разреди ја уште малку бојата.

разредува повеќе

Види и: разреди (св.)
разредуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разреди
Албански: holloj
Примери:
Разредува ракија со додавање вода.

разретчи повеќе

Види и: разреди (св.)
(се) разретчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) разреди

разретчува повеќе

Види и: разретчи (св.)
(се) разретчуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разредува